Пациентката која избега од гостиварската болница доби кривична пријава

Против 59-годишната пациентка која своеволно замина, односно избега од гостиварскиот ковид-центар, МВР ќе поднесе кривична пријава за загрозување и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Таа беше пронајдена бргу откако заминала, во бурекчилница. 

Пациентката е вратена на понатамошно лекување.