Против 59-годишната пациентка која своеволно замина, односно избега од гостиварскиот ковид-центар, МВР ќе поднесе кривична пријава за загрозување и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.
Таа беше пронајдена бргу откако заминала, во бурекчилница.
Пациентката е вратена на понатамошно лекување.