Пациенти каснати од пчели, оси и стршлени почнаа да ја полнат Клиниката за дерматологија

Пациенти каснати од пчели, оси и стршлени почнаа да ја полнат Клиниката за дерматологија. Со доаѓањето на пролетта ваквите случаи се актуелни.

Лекарите од оваа клиника апелираат доколку граѓаните по каснување од ваков инсект почувствуваат некој од карактеристичните симптоми, да побараат стручна помош.

Чувство на недостиг на воздух, тешко дишење, болка во стомакот, силна главоболка, нагон за повраќање, повраќање, веднаш да се упатат до најблиската здравствена институција.

Каснувањето од овие инсекти може да помине со различен спектар на реакции од болка, црвенило, оток, па сè до анафилактична реакција со тешки последици. Затоа симтомите не треба да се потценуваат. Се препорачува при прошетка во природа посебно да се внимава на децата.

Кај малите деца тоа претставува проблем затоа се тие често надвор трчаат си играат во природа и се случува да немаат јасно дефинирана претстава за тоа дека не треба да чепкаат таму каде што има осила и каде што ќе видат инсект, така да сметам дека кај нив треба да се води особена грижа.

Лекарите велат дека посебна заштита од овие опасности додека сте во природа, не постои. Тие советуваат да се почитуваат општите препораки и да се внимава кога сте во близина на храна, носите цветна облека или цветни парфеми. Против каснување од инсекти постои и вакцина за која лекарите велат дека во голем процент штити од здравствени комликации.