
Маж од радовишко село кој бил сместен во психијатриската болница во Демир Хисар бил пронајден починат во установата.
- На 30.05.2026 во 09:25 часот во ОВР Демир Хисар било пријавено дека во психијатриската болница во Демир Хисар, бил пронајден починат И.Г. од с. Дедино, радовишко кој бил пациент во истата, информираа од МВР.
Не е позната возраста на починатиот, а обдукцијата треба да ја покаже точната причина за смртта.
Увид извршила увидна екипа од СВР Битола, а од страна на јавен обвинител наредена е обдукција врз телото на починатиот.