Пациент нападнал вработена во Поликлиниката Шуто Оризари

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Поликлиниката Шуто Оризари, по претходно недоразбирање, С.Л.(60) од Скопје, вработена во установата, била физички нападната од едно лице пациент.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.