Пациент кои имаат коронавирус откриваат кои се симптомите по кои ја препознале болеста

Малаксаност, главоболка, губиток на вкус и мирис, болови во телото и болки во грбот. Ова се најчестите пет симптоми кои се јавуваат кај пациентите кај кои е подоцна со тест им била детектирано присуство на коронавирусот. На листата потоа се наоѓаат сувост во грлото, треска, кашлање и дијареа. Ова го покажува анкетата која беше спроведена во рамки на фејсбук групата Ковид искуства и совети, а на кои учествуваа повеќе од 100 испитаници од нашата држава. 

Во групата освен за првичните симптоми, граѓаните ги споделуваат и искуствата со медицинскиот персонал и за лекување на вирусот. Таму може да се најдат искуство за третманот во домашни услови и терапијата која треба да се зема при евентуален позитивен тест. 

Закажувањето на земање брисеви се врши преку матичните лекари. Доколку граѓаните имаат некој од следните симптоми: сува кашлица, висока температура, треска или отежнато дишење, најпрвин треба да се јават по телефон кај својот матичен лекар. Заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите граѓаните не смеат да одат во ординација, туку исклучиво да се јават по телефон кај својот матичен лекар.

Матичниот лекар им поставува прашања на граѓаните и тие одговорат на десетина прашања. Согласно одговорите на епидемиолошката анкета, електронски алгоритам укажува на тоа дали е потребно тестирање или не и доколку е потребно кој е степенот на итност. Министерството за здравство, апелира до граѓаните дека се должни да даваат точни податоци за епидемиолошката анкета во интерес на јавното здравје и точното приоритизирање на итноста за тестирање.