Пабло Неруда: Полека умира оној кој не го менува животот кога не е задоволен со себе

Полека умира оној кој не патува,

Оној кој не чита, кој не слуша музика

Оној кој не наоѓа задоволство во себе.

Полека умира оној кој ја уништува сопствената љубов,

Оној кој не прифаќа помош.

Полека умира оној кој се претвора во роб на  навиките,

Поставувајќи си ограничувања себеси секој ден,

Оној кој не ја менува рутината,

И кој не зборува со оние кои не ги познава.

Полека умира

Оној кој бега од страстите, и емоциите

Оние кои даваат сила на очите и напуштените срца.

Полека умира оној кој не го менува животот кога не е задоволен сам со себе,

Со својата работа или љубов,

Оној кој не сака да се одрекне од својата сигурност поради несигурноста

И оној кој не трча по своите соништа,

Кој никогаш нема да си дозволи ниту еднаш во животот, да избега од смислените совети.

Живеј денеска.

Ризикувај денеска.

Делувај сега.

Не заборавај да бидеш среќен.

Пабло Неруда