Па како не им е срам?

Во илјадници луѓе кои работат, ако воопшто и работат, се собира горчина и разочарување, едвај врзувајќи крај со крај, додека нема тип кој, дограбувајќи се до власт, во рок од само неколку месеци не го заменил својот скромен стан за луксузна вила со капија и огромна лимузина.

Па како не им е срам? Ако останеме со скрстени раце, ќе бидеме соучесници на еден систем кој му дава легитимитет на тивкото умирање.

Како ќе го воспитуваме потомството кога сѐ е измешано и повеќе не се знае дали некој се прославил со своето јунаштво или се прочул како криминалец.

Колку скандали веќе сме виделе, а сепак никој кој има пари не лежи во затвор?

Луѓето знаат дека се измамени, но тоа толку многу има земено замав што едноставно не може да се спречи. Тоа прави човек да се чувствува немоќен.

И кон што води сето тоа?

Ернесто Сабато, извадок од книгата „Отпор“