Оздравените од ковид-19 заразата ја шират уште шест недели

Шефицата на руската федерална служба за надзор над заштита на правата на потрошувачите Ана Попова изјави денеска дека луѓето кои заздравиле, а биле болни од ковид-19 можат да ја шират заразата уште шест недели.

Според нашите согледувања, тој период трае до 48 дена, а во странство периодот на надгледување на излечените од ковид-19 укажува дека е можно и 90 дена по излекувањето да се шири заразата, изјави Попова, а пренесува ТАС.

Оздравениот асимптоматичен пациент кој се чувствува добро и чии резултати од тестовите на крв и останатите фактори се добри, може и понатаму да го шири вирусот, изјави Попова.