Овошје кое го лечи нашето тело -  го намалува ризикот од рак, ја подобрува крвната слика, ни го подобрува расположението

Капините се едно од најздравите овошја поради своите нутритивни вредности и хранливи состојки. Тие делуваат добро на срцето, системот за варење, го намалуваат ризикот од мозочни и срцеви удари, па дури и од некои видови рак.

Богати се со витамини и минерали, но и природни влакна кои содржат високи антиоксидативни и нутритивни вредности. Од друга страна пак, сиромашни се со калории, јаглени хидрати и масти, што ги става на врвот на здрави намирници кои треба да се дел од нашата исхрана.

Тие се моќен антиоксидант, го намалуваат лошиот холестерол, го јакнат имунитетот, помагаат во лачењето колаген и ги чистат цревата. Бидејќи содржи бетаин, сокот од диви капини ја поттикнува и работата на црниот дроб, а истовремено делува позитивно и на жолчката.

Ова овошје содржи и кумаринска киселина која го намалува ризикот од рак на желудникот. Исто така, содржи и антоцијан кој го оневозможува растот и ширењето на клетките на туморот па така е одличен борец против ракот на кожата и белите дробови.

Виното од капини кое е богато со витамини и минерали има силна хранлива вредност и е одамна докажан лек против анемијата. Експертите препорачуваат да се испие чаша вино од капини половина час пред јадењето.  Покрај железото, капините содржат  витамини Ц и Б, фолна киселина и пектин па ја подобруваат циркулацијата, го забрзуваат метаболизмот, го јакнат имунитетот и го подобруваат апетитот.