Употребата на циметот го намалува нивото на шеќер во крвта, не поттикнува претерано лачење на инсулин, што е важен фактор за успешно слабеење. Ако сакате успешна диета, додадете го циметот во исхраната.

Многу нутриционисти истакнуваат дека доколку не сакате да изгубите голем број на килограми, едноставното додавање на циметот во нормалната исхрана ќе помогне да ги намалите килограми. Добро е денот да го почнете со чаша јогурт во која ќе додадете малку цимет.

Друга варијанта вклучува стапче цимет сварено во половина литар вода. Овој напиток треба да отстои околу 5 часа, а потоа да се пие наутро на празен желдуник. Исто така, уште еден успешен метод е циметот со мед. Оваа мешавина додадете ја во 1 шолја со млада вода, а пијте еден дел наутро, а остатокот пред одење на спиење.