Овој вторник се најавува незаборавна промоција на поезијата на Вања Изова Велева

На 31 мај (вторник) со почеток од 19:30 часот, на „Зелената тераса“ на покривот на ГТЦ, ќе се одржи промоција на книгата песни „Место за бегство“ на Вања Изова Велева.

Интермедијалната промоција се очекува да биде еднакво воодушевувачка како и сите претходни – со читање поезија, визуелно доживување на зборотпридружен со музика и славење на уметноста.

Вања Изова Велевае добро позната на македонската книжевна сцена, има објавено десет поетски книги, а нејзини песни се преведени на неколку светски јазици.

Таа е поетеса со зрела имагинација и автентичен лирски израз. „Место за бегство“ излезе од печат на крајот на 2021 година, во издание на Паблишер,и веќе заживува меѓу македонските читатели. Во неасекој човек ќе ги пронајде вистинските одговори по кои трага. Промотор на настанот ќе биде Мишел Павловски, кој го напиша и поговорот во книгата.

Се чини дека тој ја доживеал оваа поезија на начинот на кој била создадена успевајќи да проникне во нејзината суштина.

Време е непосредно да ја доживее и книжевната публика. Настанот се одржува на отворено. Таму се наоѓа „Местото за бегство“ од отуѓената реалност и влезот во еден поинаков свет во кој владее убавата поезија.