Овој викенд во Скопје: Манекенки ќе ве држат будни до рано наутро

Београдски ноќни клубови секоја недела доживуваат вистински потрес од пет девојки кои го сочинуваат женскиот диџеј состав Гирл Паник. Овој викенд скопската публика ќе се забавував со нивните сетови до рано наутро.

Надежда Димитриевиќ, Александра, Мими, Соња Павлица и Јокула најправо пуштаат музика индивидуално, по што доаѓа идејата да направат една заедничка забава насловена како името на составот. Од тогаш функционираат како групација која е исклучително атрактивна, особено за машката популација. Три од нив се професионални модели, а сите пет изгледаат навистина привлечно.

Скопската публика ќе има неповторливна можност овој петок да ужива во сетовите на Гирл Паник заедно до диџеј Никофор. Забавата е во ноќниот Клуб Станица 26, а почетокот е точно на полноќ.