Овој текст е за сите силни девојки

Овој текст е за сите девојки кои се трудат, понекогаш дури и премногу. За оние на кои им недостасуваат нивните бивши и кои ги стегаат своите дланки цврсто, не дозволувајќи се да им пишат. За оние кои се ранливи и кои плачат, многу често без посебна причина.

Ова е за секоја девојка која некогаш се обидела да се смени поради друга личност. За секоја девојка на која и кажале дека „не чини“ таква каква што е.

За девојката која го чува своето срце од другите, бидејќи било скршено милион пати. За девојката на која и велат дека е дрска, само поради тоа што има карактер. За сите девојки чии срца биле скршени милион пати, а кои се уште чуваат насмевка на своето лице. За девојките кои и покрај сè сакаат со своето големо срце.

За девојките кои не сакаат да ги повредуваат другите луѓе само за да ја докажат својата вредност. За девојките кои прават сè за љубовта и своите пријатели.

Ова е за девојките кои се свесни за своите маани, но кои се сакаат себеси. Ова е за сите девојки кои некогаш прифатиле многу помалку од тоа што го заслужуваат.

Вие сте ретки личности на овој свет. Вие сте силни.

Вие носите ураган во себе!