Овој скопјанец е шампион-пивопиец!

Во рамките на неофицијалниот дел од Спортскиот викенд „Илинден 2016" што се одржува по повод одбележувањето на Денот на Општина Илинден „Илинден 2-ри Август", на Спортските терени во Марино се одржа натпревар во „Брзо пиење на кригла точено пиво".

Овој натпревар се одржува по втор пат, со што станува традиција и еден од најинтересните настани на Спортскиот викенд.

Пред бројна публика која со гласно навивање ги бодреше 12-те „пивопијци", најдобар повторно беше минатогодишниот победник Зоран Тушевски, кој во финалето го победи Игор Спасовски.

Според пропозициите во првиот круг, по испиена една кригла пиво од половина литар, отпаднаа „побавните" осуммина љубители на пивото. Преостанатите четворица во вториот круг пиеја по 2 кригли пиво по што отпаднаа двајца.

Во финалето првите двајца мораа да испијат по 3 кригли пиво за да се добие најбрзиот пијач на пиво на овој атрактивен натпревар кој предизвика вистинско воодушевување кај присутните на Спортските терени во Марино.