Овој простор е лицето на општина Гази Баба - Граѓаните реагираат да се санираат и чуваат клупите

Жителите на населбата Автокоманда во Гази Баба реагираат на искршениот инвентар за рекреација на плоштадот „Филип Втори“. 

Тие споделија фотографии од клупите кои „го разубавуваат“ овој дел од општината и апелираат до надлежните побрзо да го решат проблемот, но и повикаа на совесно однесување од сограѓаните. 

-Ова се клупите на плоштадот во Автокоманда, секоја втора е скршена а плоштадот е целосно запуштен.Треба да се сменат клупите и да почнат веќе службите да чистат и да го одржуваат просторот. Овој простор е лицето на општина Гази Баба и жалосно што некој го оставил во ваква состојба, реагираат жителите. 

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, пред неколку дена изврши увид на ова место, па така жителите очекуваат повторно овој простор ќе заличи како што доликува.