Овој петок во Сектор пијанистот Francesco Tristano и Џијан Емин

Овој петок, во организација на Сектор и Neuland, ќе се шизи на Francesco Tristano и Џијан Емин. А како загревање ќе послужи второто издание на Диско у Диско, кое ќе започне на истото место во 17.00 часот. (*Истата влезница важи за двата настани.)

DJ Francesco Tristano, роден во Луксембург, а школуван на Juilliard School of performing arts, е музички гениј кој уште од рана возаст се обидува да ги спои навидум неспоивите музички компоненти. Неговото животно мото е „music is music“, смета дека Johann Sebastian Bach е техно. Наоѓа тесна поврзаност помеѓу готвењето и креирањето музика и поседува камелеонска способност истовремено и подеднакво да се вклопи во амбиентот на класичната филхармонија и во ултра-динамичниот простор на клубот Space Ibiza.