ОВОЈ ПЕТОК ВО СЕКТОР: Еден од најексцентричните ликови во хаус музиката

Дали сте спремни за уште едно несекојдневно и интересно гостување во Сектор 909? Се работи за DJ San Proper, можеби најексцентричниот лик во светот на андерграунд хаус музиката, кој овој петок ќе настапи во Сектор, во организација на тимот на самиот клуб, a со поддршка од Neuland.

Со музички распон од хаус до техно, па сè до фанки и диско звуци, DJ San Proper дефинитивно е еден од највозбудливите и најразновидните диџеи на денешницата.

Роден, израснат и живее во Амстердам, San Proper повеќе од 20 години е директно инволвиран во електронската андерграунд сцена. Тој својата музичка кариера ја започнува како член на неколку бендови, за после извесно време да се префрли кон организирање на забави како промото во дел од најдобрите клубови во Амстердам.