
Граѓаните во наредниот период ги очекуваат два неработни денови по повод големи празници.
Во петок, 28. август, православните верници го одбележуваат Успението на Пресвета Богородица, во народот познато како Голема Богородица – еден од големите христијански празници посветени на Мајката Божја. Овој ден ќе биде неработен за православните верници.
Следниот неработен ден е 8. септември, вторник, кога се одбележува Денот на независноста на Република Северна Македонија.
Така, по празничниот 28 август, следниот неработен ден е на 8 септември, што за граѓаните претставува уште една можност за продолжен одмор и одбележување на значајните датуми.