Овој и следниот викенд граѓаните ќе може да учествуваат во креирање на буџетот на Општина Аеродром

Општина Аеродром ќе реализира отворени средби и консултации со граѓаните како дел од процесот на изготвување и донесување на новиот буџет.

Станува збор за средби кои ќе се одржат за време на викендите (03 и 04.12.2022 година и 10 и 11.12.2022 година) во просториите на Советот на Општина Аеродром во периодот од 11 до 14 часот.

Целта на овие отворени средби е преку отворена и транспарeтна постапка граѓаните да имаат увид во креирањето на новиот буџет за 2023 година, но и со свои предлози и сугестии да учествуваат во процесот на неговото креирање и донесување на истиот, велат од општина Аеродром. 

Општина Аеродром во изминатиот период презеде низа активности преку кои активно се работи на подобрување транспаретноста и отченост на општината. Овие отворени средби се дел од тие активности, а се насочени кон креирање и усвојување на граѓански буџет кои ќе ги ќе бидат инкорпорирани предлозите и сугестиите на жителите на Аеродром, велат надлежните.