Од скопски Водовод известуваат дека во понеделник (16. март) поради изведување на водоводен приклучок Ф100мм. на улица Железничка 66, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Железничка и болницата „Неуромедика“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности, се наведува во известувањето од ЈП Водовод и канализација-Скопје.