Овој дел од Скопје денеска без вода

Денеска без вода ќе останат дел од корисниците во Општина Карпош.

„Поради поврзување на нова водоводна мрежа и уличен дефект ф-125мм на ул.Ванчо Мицков 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица „Ванчо Мицков“ и дел од „Демир Трајко“ (општина Карпош)“, информира РЦУК – Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со работните активности.