Овој дел од Скопје денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект од ф - 100 мм на ул. 11-ти Октомври бр.25 - во близина на Осигурување Кјуби Македонија,без вода ќе останат дел од корисниците од ул. 11-ти Октомври.

Прекинот ќе биде од 9 часот се до отстранување на дефектот.