
Поради поврзување на нова водоводна мрежа на улицата Мирослав Крлежа, денеска од 10:10 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица, дел од улицата Дебарца, дел од улицата Антоние Грубишиќ, како и ОУ „Коле Неделковски“.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот ќе трае до завршување на работните активности.