Овогодинешниот натпревар „Dance OFF“ во Скопје со над 2.700 учесници

– Танцовите студија „Eat the beat“ и „Break a leg“ во Скопје го организираа меѓународниот натпревар „Dance OFF“, што со над 2.700 учесници се одржа во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“.

На овогодинешниот „Dance OFF“ учествуваа натпреварувачи од 17 држави, меѓу кои и од Северна Македонија, Бугарија, Грција, Кипар, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Данска, Русија, Полска, Словачка, Италија, Словенија, Романија, Украина…

Натпреварот се одржуваше два дена, а потоа на Гала вечерта настапуваа 18-те финалисти, при што првото место го освоија натпреварувачите со кореографијата „Disconnected“, второто „Work hard, play hard“ и третото „Momma I hit a lick“, кои добија вредносни награди.

„Dance OFF“ се одржува во склоп на настаните на Светската танцова федерација (ИДО).

Главни покровители на самиот настан беа Министерство за култура и ЕСМ, а поддржувачи се ЕКОТЕХ, Тав аеродроми, Битсиани, ИН Такси, Метрополис, Сити радио, Клуб ФМ, Вива и Орбит.