Овие знаци се најчести ефекти од стресот

Можеби мислите дека е очигледно кога сте под стрес. Тажни сте, тешко ви е, не можете да се фокусирате, избувнувате често. Но, понекогаш стресот се покажува на поинаков начин, а тоа е и најчесто кога тој е долгорочен и почнува да остава поголеми ефекти.

Забележете ги пред да биде предоцна.

Лесно се уморувате

Хроничниот стрес предизвикува голем замор. Исто така и долгите негативни размислувања, лутења, несоница, лошата храна се опасна комбинација за нашето здравје. Сето тоа доведува до мала енергија, лоша концентрација, па и главоболка.

Проблеми со спиењето

Имате проблеми со спиењето, а мислите дека не сте под стрес? Бидете внимателни, веројатно станува збор за долгорочен стрес или нешто што остава поголеми ефекти на вас одошто мислите. Уште еден класичен проблем е и будењето неколку часа пред алармот. Лошите соништа, особено оние кои се поврзани со реалноста, се уште еден доказ за тоа.

Променлив апетит

Понекогаш, кога сте под стрес не ви се јаде ништо. Во други ситуации, пак јадете многу и тоа особено јадете мрсна храна и благо. Многу луѓе кои се под стрес одат во тие две крајности.

Лесно избувнувате

Кога сте под стрес, можеби се чувствувате дека имате краток фитил. Ви се насобираат обврски, постојано сте под стрес и лесно избувнувате и во најобични ситуации. Тоа е аларм дека треба да видите што се случува со вас и  да најдете начин како да го решите стресот.