Овие зборови ќе ви го разубават денот

На сите повремено ни е потребна доза мотивација и зборови кои охрабруваат. Затоа издвоивме неколку моќни цитати од познатите личности. Зачувајте го овој текст и погледнувајте ги овие реченици секогаш кога ви треба нешто за да ви го разубави денот или да ве мотивира.

„Кога се осудив да бидам моќна, да ја користам својата сила заради своите визии, тогаш ми стануваше сe’ помалку важно дали се плашам.“ – Одри Лорд

„Доколку не го цениш своето време, ни другите нема да го ценат. Престани да го трошиш своето време и таленти. Цени го своето знаење и почни да го наплатуваш. – Ким Гарст 

„Успешен човек е оној кој може да постави цврст темел со циглите кои другите ги фрлале по него.“ – Дејвид Бринкли

„Никој не може да направи да се чувствуваш инфериорен без твоја согласност.“ – Еленор Рузвелт

„За дваесет години од сега повеќе ќе бидеш разочаран од работите кои не си ги направил отколку од оние кои си ги направил“ – Марк Твен

„Порано сакав на мојот надгробен споменик да пишува: Таа се обиде. Сега сакам да пишува: Таа успеа.“ – Кетрин Данам

„Нашите избори ни покажуваат кои сме ние многу повеќе од нашите способности.“  - Џ. К. Роулинг

„Секој голем сон почнува од сонувачот. Запомни го ова: во себе имаш сила, трпение и страст да ги допреш ѕвездите за да го смениш светот.“ – Харијет Табман

„Прашањето не е кој ќе ми дозволи, туку кој ќе ме сопре.“ – Ејн Ренд

„Доколку не создадеш сопствен животен план, големи се шансите дека ќе потпаднеш под туѓ животен план. И погоди што планирале тие за тебе? Не многу.“ – Џим Рон

„Не дозволувај стравот од поразот да биде поголем од возбудувањето заради победата.“  - Роберт Киосаки