Овие времиња нека нè научат што е навистина важно во животот...

Овие времиња нека нè научат да бидеме погрижливи, посочувствителни и да имаме повеќе љубов во себе. Нека нè научат што е важно и што вреди во животот. Овие времиња нека нè научат дека животот е минлив и дека работите може да се променат дур да трепнеш, па затоа е подобро да го кажеме она што го чувствуваме, да се јавиме онаму каде што сме сакале да се јавиме, да кажеме „Те сакам“ или „Извини“. Овие времиња нека ни ја дадат храброста која ни е потребна за да кажеме што ни лежи на душа, да се извиниме или да кажеме што навистина чувствуваме. 

Овие времиња нека нè научат да не земаме ништо здраво за готово: нашето семејство, пријатели, работата, нашата благосостојба. Овие времиња нека нè потсетат да се грижиме за нашите тела, умови и да нè поттикнат да ги промениме работите во нашите животи кои ни го одземаат внатрешниот мир или нè прават несреќни. Овие времиња нека нè потсетат колку е убаво што имаме дом во кој можеме да се вратиме, луѓе со кои сакаме да бидеме „заглавени“ дома и нека нè потсетуваат дека не можеме вечно да бегаме, не можеме да избегаме од вистината и дека на крајот мора да се соочиме со проблемите кои нè прогонуваат. Овие времиња нека нè натераат да направиме долгорочни промени наместо привремени „замачкувања“.

Овие времиња нека нè научат дека Бог сè уште има моќ, го има последниот збор, магичното стапче, без оглед на тоа колку мислиме дека имаме контрола врз нашите животи. Нека нè потсетат дека секогаш има некоја виша сила со која можеме да зборуваме кога времињата се распаѓаат или кога не знаеме што носи иднината, кога сме преплашени и кога никој не може да нè смири. Овие времиња нека нè научат дека понекогаш вербата е единствениот одговор и начин да поминеме преку некои работи кои не можеме да ги контролираме или разбереме. Овие времиња нека нè потсетат како да веруваме или да се надеваме и покрај сите непогоди, само затоа што имаме верба дека кога ураганот ќе заврши, ќе дојде и виножитото.

Овие времиња нека нè научат како да ја намалиме брзината, како да се одмориме, како да престанеме да трчаме во кругови, затоа што на крајот на краиштата, кога се соочивме со криза, светот запре, сите работи беа одложени, роковите исчезнаа, правилата се променија, приоритетите се сменија и сите заедно сопревме. 

Овие времиња нека нè научат дека ништо во животот не е гарантирано и дека можеби сето ова е еден голем шамар за сите нас за да се потсетиме што навистина е важно и вредно. Овие времиња нека нè научат како во следниот период да бидеме подобри едни кон други, да споделуваме повеќе љубов, да покажеме повеќе сочувство и разбирање. Овие времиња нека нè научат како подобро да живееме и нека нè поттикнат да размислуваме за смислата на нашите животи и како да направиме останатите денови да бидат прекрасни и поубави од претходните.