Овие видови овошје и зеленчук морате убаво да ги измиете пред јадењето

Миењето на овошјето и зеленчукот е задолжително, бидејќи тие содржат земја, нечистотии, а многу често и пестициди и бактерии кои можат да бидат многу штетни. 

Убавото миење е задолжително за овие видови овошје и зеленчук

Марула

Без оглед на тоа од каде ја набавувате марулата, многу е важно да ја измиете добро пред да направите салата. Таа може да крие нечистотија, па дури и различни инсекти во своите лисја. Бидејќи таа не се готви, се препорачува добро да се измие и од сите штетни бактерии кои може да ги содржи.

Шумски плодови

Малините, капините, јагодите, боровинките и рибизлите не се лупат и затоа треба одлично да се измијат пред конзумирањето. Јагодите често се на врвот на листата која може да содржи пестициди.

Јаболка

Во 2016 година, јаболката се втори на листата на храна со пестициди, веднаш по јагодите. Купувањето органски плодови е особено важно кога станува збор за јаболката, но понекогаш не можеме да знаеме колку навистина се здрави тие.

Целер

За разлика од јагодите и јаболката, целерот не содржи толку пестициди колку што содржи нечистотии бидејќи тој расте блиску до земјата. Затоа, брзо измивање со вода или со оцет ќе го реши овој проблем.

Спанаќ и други зелени зеленчуци

Спанаќот е познат по тоа што крие бактерии и нечистотии од земјата. Затоа, за да избегнете некакво заболување, измијте го добро пред јадењето. Во некои продавници можете да го најдете чист и измиен, но сепак треба добро да го измиете пред да го конзумирате.