Овие скопски улици денеска без вода

Од ЈП Водоводи и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка на Цветан Димов бб (спроти Пчела), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Цветан Димов, дел од ул. Јајце, дел од ул.Ордан Чопела и дел од ул.Панче Неделковски.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 12:10 часот до завршување со санација на дефектот.