Овие скопски општини денеска ќе бидат без струја

ЕВН ги известува граѓаните дека поради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа,  денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници: 

-од 08:00 до 11:30 часот,  корисниците  од  дел од нас. Петровец, поточно  ул. 5, ул. 7, ул. 9 и  дел од ул. 1. (Општина Петровец)
-од 09:00 до 14:00 часот, дел од потрошувачите на улица 22 и улица 20 во нас. Кисела Јабука. (Општина Ѓорче Петров)
-од 09:00 до 14:00 часот,  корисниците од   дел од  с. Идризово. (Општина Гази Баба)
-од 10:00 до 14:00 часот, дел од ул. Антон Димитров (потегот од ул. Скендер Бег до ул. Робеспјерова), како и ул. Радое Дакиќ и ул. Скендер Бег во нас. Драчево. (Општина Кисела Вода)
-од 11:00 до 14:00 часот, дел од с. Арачиново, (во околина на СЕИД-Маркет). (општина Арачиново)