Овие паркинзи ќе бидат бесплатни за време на Рамазан Бајрам

Утре, 21 април 2023 година, за време на државниот празник - Рамазан Бајрам, јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите.

-Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање - без наплата. Јавните паркиралишта пак, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време и наплата од 00:00 до 24:00 часот, информираат од ЈП „Градски Паркинг“ - Скопје.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје им го честита Рамазан Бајрам на сите граѓани на кои го слават овој празник.