Овие паркинзи ќе бидат бесплатни за божиќните празници

ЈП „Градски Паркинг“ - Скопје ја информира јавноста дека за време на божиќните празници јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање на 6 и 7 јануари 2023 година, односно нема да се врши наплата на истите.

- Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање без вршење на наплата на 7 јануари 2023 година. Додека пак, Кочо Рацин, Градска болница, клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време 00:00 – 24:00 часот и со редовна наплата на истите, информираат од претпријатието.

Од друга страна, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ информира дека по повод претстојните божиќни празници, на 06.01. (петок) и 07.01.2023 година (сабота), сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат бесплатни за граѓаните.

- Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 09.01.2023 година (понеделник) со вообичаено работно време. Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците, информираат од ЈП ПОЦ.