Овие нешта не ви се потребни во новата година

Полека ја започнуваме новата година и имаме многу желби што се надеваме дека ќе ни се исполнат во текот на годината. Сепак, за некои работи потребен е наш ангажман, односно наша сопствена посветеност за да успееме и да бидеме посреќни.

Ова се неколку нешта кои навистина не ни се потребни во новата година.

Стари работи кои (навистина) не ви се потребни

Сите чуваме многу работи кои мислиме дека ќе ни се најдат понатаму, но самите знаеме дека тоа не е точно. Трупаме стари работи, облека. Најдобро е да се ослободиме од тие работи и да оставиме простор за нови нешта и подобри спомени.

Опседнатост со телефонот и социјалните мрежи

Од ова не можеме така лесно да се ослободиме, но морате да признаете дека навистина ни е потребно. Треба да се потрудиме да ги сведеме овие активности на минимум. Прво, заради тоа што ни одземаат многу време кое можеме покорисно да го искористиме, а потоа поради тоа што често мислиме дека другите живеат подобри и посреќни животи, а тоа воопшто не е така. Социјалните мрежи даваат нереална слика за животот и среќата на луѓето и навистина имаме милион работи со кои можеме да се занимаваме, наместо со ова.

Обрнете внимание на полиците, фиоките и плакарите

Колку нешта имате таму кои не ви се потребни? Колку стари спомени кои ве прават несреќни? Зошто ви е сето тоа? Ослободете се од сите работи кои не ви носат ништо добро. Тоа не би го поддржале ниту експертите за фенг шуи за вашата среќа и добросостојба.

Луѓе кои ви носат само несреќа

Сите имаме луѓе кои се токсични и лоши за нас и не ни носат ништо добро, а се држиме цврсто за нив.  Можеби мислиме дека ќе се сменат, можеби се држиме за некои стари спомени, или убави ситници за нив, но тие не ни носат многу среќа, туку напротив само несреќа и болка. Не ни се потребни овие луѓе. Животот е прекраток за да го поминуваме со луѓе на кои не им значиме премногу.

Нездрави навики

Цигари, алкохол, нездрава храна, недоволно спиење. Ветете си себеси дека ќе престанете да го правите тоа, бидејќи не носи  никакво добро за вас. Внимателно одбирајте го вашиот начин на живеење, бидејќи тој влијае и на вашиот изглед, но и на вашата среќа и расположение.