Овие мудри зборови привлекуваат среќа и изобилство во животот

Благодарноста е основа на среќниот живот.

Луиза Хеј е авторка на преку 30 книги за самопомош и позитивна психологија. Луиза Хеј во секоја книга ја истакнува својата основна порака, односно правилото на среќниот и здрав живот, а тоа е дека нашите мисли и уверувања значајно влијаат на нашиот живот и здравје. Во една од своите книги таа напишала Молитва за благодарност која ја враќа вербата и позитивниот поглед на животот и го исполнува срцето со радост и љубов. Се препорачува да ја изговарате секое утро. 

Молитва за благодарност

Во длабочината на моето битие постои бескраен Извор на благодарност. Сега дозволувам оваа благодарност да го исполни моето срце, моето тело, мојот ум, мојата свест, целото мое битие. Оваа благодарност доаѓа од мене во сите правци, допирајќи сè во мојот свет и враќајќи ми се назад, па така во мојот живот има многу работи за што можам да бидам благодарна. 

Колку повеќе благодарност чувствувам и давам, толку повеќе сфаќам дека текот на добрите работи е бескраен. Благодарноста допринесува за добро на мојата внатрешна состојба. Благодарноста е израз на мојата внатрешна радост, таа го загрева мојот живот со својата недопирлива топлина. Му се заблагодарувам на Небото за себе и своето тело. Благодарна сум на мојата способност да гледам и слушам, чувствувам и допирам. Во мир се заблагодарувам за мојот дом во кој се грижам со многу љубов. 

Им се заблагодарувам на моето семејство и пријателите и уживам да бидам во нивното друштво. Им дозволувам на другите луѓе да бидат свои во моето присуство. Му се заблагодарувам на животот за својата работа и се трудам добро да ја извршувам. Благодарен сум на своите таленти и способности и постојано ги користам. Му се заблагодарувам на Универзумот за својот приход и знам дека остварувам профит, без оглед на тоа кон што се вртам. 

Ѝ се заблагодарувам на целата Природа и го почитувам секое живо битие. Му се заблагодарувам на овој ден и на сите денови кои доаѓаат.

Благодарна сум на Животот тука, сега и засекогаш!