Овие емоции може да ви предизвикаат сериозна болест

Како што стресот влијае на работата на вашето срце, така има и некои други емоции кои може да предизвикаат сериозни заболувања на некои органи во вашето тело.

Алтернативната медицина го поврзува негативното размислување и чувства со некои болести. Ако не внимавате дел од посилните емоции може да ви предизвикаат сериозни проблеми.

1. Бес

Бесот е силна емоција која се манифестира преку зголемениот крвен притисок, кој предизвикува силна главоболка и вртоглавица. Некои студии се поврзани со прикриен бес и забавена работа ан црниот дроб, кој е одговорен за исфрлање на отровите од телото. Колку е поголем изливот на бес, толку повеќе се губи и апетитот, создава проблеми со варењето и пролив.

2. Шок

Неочекувано раскинување на долга врска, добивање отказ или смрт на драга личност се исклучително емотивни доживувања кои предизвикуваат телесен шок со видливи последици на организмот. Шокот е директно проследен со пораст на адреналинот кој може да го ослаби срцето, а повеќечасовната изложеност може да доведе до сериозни проблеми во телото. Затоа, во екстремни ситуации неопходно е да побарате и лекарска помош.

Продолжува на следната страна...

3. Страв

Стравот предизвикува претерана потреба за мокрење што е основна телесна функција поврзана со работата на бубрезите. Долготрајната изложеност на страв предизвикува забавена работа на важни органи.

4. Тага

Тагата доведува до плач, кратко испрекинато дишење и физички замор. Долготрајната изложеност на оваа емоција ја ослабува работата на белите дробови.

5. Грижа

Луѓето кои многу се грижат често имаат проблем со варењето. Негативното размислување може да доведе до пролив, повраќање и други хронични проблеми на гастроинтестиналниот систем. Некои истражувачи ја поврзуваат опсесивната грижа со големата веројатност за добивање чир на желудник, па дури и рак.