Овие делови од Скопје утре ќе бидат без струја

Утре, без струја ќе останат делови од општините Кисела Вода, Карпош и Илинден, поради планирани прекини на ел. енергија во електро дистрибутивната мрежа.

  • Во најавата од ЕВН Македонија АД се наведува дека овие корисници ќе останат без електрична енергија во текот на утрешниот ден: - Во период од 06,00 до 15,00ч. с.Алдинци, дом Китка, дом каражица, Преслап, Мала река Принцес, Викенд нас. Мала река, с. Црвена Вода, с. викенд населба Црвена Вода, с. Палиград
  •  Во период од 10,00 до 14,00ч. ул.Александар Македонски, ул.Кадињача, ул.Андреја Папрадишки (о. Карпош)
  • Во период од 06 до 10,00ч. спортска сала Илинден, Халк Банка, Пилана Три Мил, Дел од улица 19, Улица 23, Улица 21 (о. Илинден)
  • Во период од 09,00 до 13,00ч. с. Бразда, кај обиколница
  •  Во период од 08,00 до 12,00ч. Стаклара н Усје (о. К.Вода)