Овие делови од Скопје утре без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре (петок), поради уличен дефект ф 100 мм на ул.Прохор Пчински бб (кај Албанска Амбасада), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Прохор Пчински, Јоаким Крчоски и Славеј Планина од 09:00 часот до санирање на дефектот. 

Најавено е уште еден прекин во водоснабдувањето.

Поради дефект на приклучна цевка 6/4 “ на ул. Стефан Јакимов - Дедов 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, дел од Владимир Полежиновски и ТЦ Буњаковец. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.