Овие делови од Скопје денеска без вода

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок на ул.Коце Металец бб (во близина на зградата на „Елена Лука“) , прекинато водоснабдување ќе имаат дел од истата улица.

Водоснабдувањето е прекинато од 10:15 часот до завршување со работните активности. 

Исто така, денеска поради уличен дефект од ф 300мм на бул. Борис Трајковски бр. 13-10, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од бул. Борис Трајковски краците 7,9,11,13 и корисниците од семафорите во Усје .