Овие 4 знаци го најавуваат крајот на врската

Како да препознаете дали на некој пар му се спрема крај и крах на врската? Лесно! Само треба да го погледнете нивното однесување еден со друг. Психолозите откриваат четири начини на однесување кои со 90% сигурност значат крај на врската.

Некогаш врската нема иднина и тоа се гледа многу јасно. Сите лесно ги препознаваме знаците кои наговестуваат дека крајот е близу. Некогаш ако двајцата тоа го сакаат, врската може да се спаси, само треба малку да се потрудат. Во овој случај, спас нема. Постојат 4 начини на однесување кои покажуваат дека кај некои парови врската е готова само е прашање на време кога тоа ќе се случи. Кога сите овие четири начини на однесување или поголем број од нив ќе се најдат во една врска, всушност се работи за прилично токсична врска која никако нема шанси да опстане доколку двајцата не се променат – а сепак тоа не се случува често.

Токсични критики

Сите сме се нашле во ситуација да го искритикуваме партнерот, но никогаш тоа не било со зла намера или да го понижиме и навредиме пред другите. Конатантното обвинување и критикување на партнерот поради нешто никако не е добар знак. Особено ако се даваат критики од типот „Ти никогаш...“ или „Ти секогаш..“. Зборовите „никогаш“ и „секогаш“ се посебно опасни во овој контекст затоа што покажуваат дека личноста веќе подолго време е незадоволна и дека не ни сака проблемите да се решат. Ваквите реченици не се конструктивни и добронамерни критики, туку критики со цел некој да биде повреден.

Меѓусебно обвинување без крај

Постојано се обвинувате еден со друг за нешто, но никогаш ниту еден не ја презема одговорноста за своите постапки. Проблематично! Обвинувањата никогаш не доаѓаат од чиста мира, а ако за некои работи не се разговара и ако никој не презема одговорност за своите дела, сѐ само ќе се насобира и насобира додека некој не „пукне“. Разговорот во врската е многу важен, а ваквото однесување покажува дека го нема.

Караниците траат повеќе денови

Сите се караат во врска. Прашање е само како таа караница и помирувањето после неа ќе изгледаат. Лутење, префрлање и караници кои траат со денови не се добар знак. Така караниците само стануваат поголеми и полоши. Многу побрзо и полесно може да се средат со комуникација. Ова е уште еден проблем во врската кој доаѓа од недостаток на комуникација. За жал, може да биде и знак за крај на врската. Кога караниците ќе станат полоши и почести, ќе траат и подолго...

Отворено непочитување

Превртување со очите, исмејување на партнерот, сарказам, отворено спомнување што сѐ не ти се допаѓа кај него, прекинување кога тој зборува, повторување на неговите зборови со имитација... и уште еден куп други начини на однесување кои отворено покажуваат непочитување, а ова се само некои од нив. На ниту едно од овие однесувања не им е местото во врската. Сигурно така нема да се однесуваш со некој кој ти значи и кон кој имаш позитивни емоции. Кога ваквиот начин на однесување не ти претставува тежина и проблем, тогаш повеќе не ти е важна ни личноста на која вака и се обраќаш. Има ли тогаш врската смисла воопшто?