Овие 3 хороскопски знаци се вистински претставници на модата и имаат беспрекорно чувство за стил

Некои хороскопски знаци имаат поголемо чувство за естетика и имаат префинет вкус, но, ако се за верување ѕвездите, во овие 3 хороскопски знаци редовно се раѓаат оние кои кои имаат најдобар моден вкус. Дека тоа е навистина така, докажува и фактот дека многу главни дизајнери и креатори се припадници токму на овие знаци. Во продолжение дознајте дали сте меѓу нив...

Не е тајна дека некои одлики на хороскопските знаци (и подзнаци) влијаат на нашиот стил на облекување. Некои хороскопски знаци природата ги надарила со подобар вкус од другите, а останатите од нив можат нешто и да научат. 

Бик

За припадниците на овој знак често се вели дека нема нешто што не можат да облечат. Имаат непогрешливо чувство за мода и такво држење благодарение на кое и најобичната модна комбинација на нив изгледа прекрасно. Сакаат квалитетна облека и подготвени се да вложат во поскапи парчиња бидејќи знаат дека тоа е инвестиција на подолг временски период. Со изборот на гардероба секогаш оставаат неверојатен впечаток и секое парче може да го преобликуваат во најпосакувано. Нов тренд на повидок? Голема е веројатноста дека бикот знае за него уште од минатата сезона.

Лав

За овој самоуверен хороскопски знак сосема е нормално да ја изрази својата сила и карактер преку непогрешлив стил – впрочем, лавот секогаш сака да биде во центарот на вниманието со својата гардероба. Не им треба посебна причина за да носат гламурозни или дури и театрални парчиња од кои другите не можат да го тргнат погледот. Тие едноставно знаат да ја носат облеката со која останатите не сакаат да ризикуваат и со своите беспрекорни комбинации докажуваат дека се исплати да се ризикува кога е модата во прашање.

Вага

Вагата ја сака модата, особено кога е флексибилна, практична и реална. Краткотрајните трендови не се нејзина специјалност. Сакаат модерна гардероба, но секогаш варираат помеѓу класика и она што во моментот е трендовско и посакувано, но нема да носат нешто што не се вклопува во нивниот личен стил. За нив и обичната блуза и кожната јакна се „закон“ парчиња затоа што вешто си поигруваат со кроевите, примерите и боите.