Овие 20 работи нема да ви требаат во 2020 година

Мора да признаете, постои една возбуда кога фрламе работи кои не ни требаат, а тешко се одлучуваме на таков чекор. Една студија на универзитетот во Лос Анџелес покажала дека жените кои живеат во опкружување кое е претрупано со стари работи имаат зголемено ниво на кортизол, хормонот на стрес.

Сега е совршено време да се ослободите од работите кои само ви зафаќаат простор дома.

1.Хартии за виткање подароци

2.Стари рецепти и лекови

3.Стари пешкири

4.Стари полначи за телефони, кабли

5.Стари сметки (освен оние кои ви се потребни заради гаранцијата)

6.Билети од кино

7.Покани

8.Стари весници

9.Скршени шолји за кафе

10.Стари лакови за нокти

11.Кутии за чевли

12.Платени сметки (сликајте ги или скенирајте ги).

13.Накит кој веќе не го носите

14.Исушени пенкала

15.Стар пешкир кој го користите за пред кадата или тушот

16.Неискористени подароци (подарете ги некому кому му се потребни)

17.Мени за храна за доставување

18.Стари гаранции на кои им изминала датата

19.Сувенири од венчавки и небитни настани

20.Стари слушалки