Овен: Тие ќе ви го подарат срцето и ќе ви го посветат целото свое внимание

Кога станува збор за љубовта, Овните ја обожаваат моногамијата. Ним никогаш не им е доволно добиеното внимание или времето поминато насамо со своите љубени. Тие го ставаат партнерот на првото место, без разлика на сè, и го очекуваат истото за возврат. Ако немаат главна улога во универзумот на нивниот партнер, тогаш едноставно нема поента ни да бидат заедно.

Тоа не значи дека се цвеќе за мирисање! Баш напротив. Овните се едни од најнезависните хороскопски знаци, па не сакаат да бидат гушени или контролирани во врската. Тие го обожаваат вниманието (она што го добиваат, како и она што го даваат) и едноставно сакаат да ги споделат своите најинтимни мисли со личност на која ѝ веруваат.

Се вели дека најголемиот подарок што можеме да го понудиме е активното слушање. Овните се мастери во тоа! Тие ќе ви го подарат срцето и ќе ви го посветат целото свое внимание, често играјќи ја улогата на спасител за да ве освојат. Ова може да биде малку напорно и за двете страни, па треба да внимаваат да не претераат и навлезат предлабоко.

Ако тоа се случи, нивниот независен дух ќе почне да се побунува и ќе настане хаос на вашата врска. Овој темперамент може да ги заслепи во дадени моменти и од фрустрација да кажат нешта што не ги мислат. Лекот? Секојдневно треба да одвојуваат време за себе, да можат на раат да дишат, да се синхронизираат со своите мисли и да одржуваат баланс во љубовта.

Бидејќи Овните се првите и „најмладите“ знаци во зодијакот, тие се позависни од својот партнер отколку што сакаат да признаат. Кога се во врска, треба да се осигурат дека ги следат своите цели и да запомнат колку самите се силни. Тие мора постојано да ја одржуваат својата индивидуалност доколку сакаат да успеат во љубовта.

Од друга страна, Овните обожаваат да се натпреваруваат и понекогаш знаат да претеруваат со својата „мажественост“ (дури и да станува збор за жени). Го чуваат партнерот како ценет трофеј и неретко влегуваат во љубоморни размени со тупаници или кубење коси, ако некој се обиде да ја освои нивната награда.

Иако имаат обилен апетит и зрачат со сензуалност, на крајот од денот, тие бараат од саканата личност навистина да ги разбира. Иако знаат наивно да се држат за лош партнер, не толерираат непочитување. Откако ќе сфатат што се случува, брзо преминуваат на следната љубов. Ним им е потребно да бидат светлата точка во очите на партнерот, и не се задоволуваат со ништо помалку.

bridgemedia | New Balance 327 WOMENS Moonbeam/Outerspace - Afterpay Available