Овен, Рак и Лав: Воопшто не е лесно со овие хороскопски знаци

Сите понекогаш имаме лош ден од различни причини. Но, постојат три хороскопски знаци кои се пораздразливи од останатите. Имаат краток фитил и со нив понекогаш е навистина тешко.

Овен

Импулсивност и агресивност се две од карактеристиките кои се многу специфични за овој хороскопски знак. Имаат натпреварувачки дух, а многу лесно стануваат нервозни ако ги изиритирате или им дадете повод за кавга. Едноставно немаат трпение  и знаат да изреагираат дури и на мал застој во сообраќајот или пак гужва во градскиот превоз. При поголеми ситуации, експлодираат во бес и тешко се контролираат, а и воопшто не размислуваат за последиците. Но од друга страна, штом се смират – подготвени се да се извинат и лесно простуваат.

Рак

Не е потребно многу да се трудите за да го вознемирите емотивниот Рак. Тие се големи песимисти и многу се сомничави окколу другите луѓе, па често доживуваат неконтролирани изливи на бес ако тоа се покаже како точно во однос на луѓето кои тие ги засакале. Ако заборавите да ги поканите на забава која ја организирате , својата лутина ќе ја преточат во огромна порака. Најчесто и така реагираат – порака или емаил, а не директно конфронтирање.

Лав

Да се задржи смиреноста е еден од најголемите предизвици за овој знак. Тие се жестоки и гласни, а често се нервираат поради секоја мала ситница кога нешто не е по нивно. Не им пречи воопшто да ви се развикаат на јавно место. Знаат да направат сцена дури и за безначајни ситуации.