Сите понекогаш знаеме да кажеме мала или поголема лага. Но, постојат луѓе кои едноставно не знаат да лажат, бидејќи се чувствуваат многу лошо во однос на тоа. Тие се искрени личности, кои сметаат дека вистината е секогаш најдоброто решение.

Тоа се Овните.

Иако се многу енергични и обожаваат да зборуваат, не сакаат воопшто својата енергија да ја трошат на лажеење. Поради својата импулсивност, секогаш директно и искрено го кажуваат тоа што го мислат, без оглед на тоа колку тоа ќе ве повреди или не. За нив, вистината е најдобрата политика.

Искреноста е нивното второ јас, и со самото тоа никогаш не се плашат да ви ја кажат вистината.

Тие се свесни дека нивните зборови некогаш ги повредуваат луѓето, но и да сакаат да ве излажат,никогаш не би успеале да го направат тоа. Како личности сметаат, дека вистината може да ја сакате или не, но таа е присутна и постои. Искрени се и комуникативни, но не сакаат подметнувања, лаги и задкулисни игри. Како што нема да ве лажат, така никогаш нема да ви простат и ако ги излажете.