Овде се изградени луксузните куќи на скопски бизнисмени, јавни личности и политичари

Ова скопско село е во Општина Карпош, кое територијално е споено со градот Скопје, со што постанува со тек на времето населба на градот. Се наоѓа на надморска височина од 280 метри, и има 1.635 жители.

Токму на местото на Злокуќани се наоѓаат најголемиот дел од ископините на античкиот град Скупи. Веднаш на почетокот на селото се наоѓа и локалитетот со остатокот од античкиот пат кој минувал тука, ранохристијанската базилика, амфитеатарот и др.

За потеклото на името Злокуќани се поврзува со легендата за Злите Куќи односно „Зли Куќи“. Во минатото во раниот период на османлиското царство луѓето кои сакале на ова место да изградат свои куќи при ископот за поставување на темелите често наоѓале коски и костури, остатоци од антички гробници, разни плочи со натписи и предмети од некогашниот антички град Скупи. Поради пронаоѓањето на овие предмети и особено на коските и костурите ова место било завикано „Зли Куќи“, а подоцна од тоа име селото го добило своето денешно име Злокуќани.

Во последниве години на оваа место се изградени луксузни куќи и комплекси на куќи на познатите скопски бизнисмени, јавни личности и политичари економската структура на населението на Злокуќани е драстично променета. Меѓутоа голем дел староседелското население се занимава со земјоделие. Во Злокуќани највеќе се одгледува зелката, по која е и препознатливо селото. Покрај зелката застапени се и репката, цвеклото и пченицата. Во Злокуќани работат и доста автомеханичарски сервиси.

Легендите за настанокот на скопските населби:

Бардовци

Тафталиџе

Ѓорче Петров

Буњаковец 

Радишани

Капиштец 

Водно

Крњево

Дебар Маало

Даме Груев

Лисиче

Бутел

Кисела Вода