„Овде се дури сме живи ќе се враќаме“: Два Бона, Пајак и Владо Јаневски со нова верзија на „Ова е само наше Скопје“

Една од најпознатите песни посветени на Скопје деновиве доби современа преработка.
Два Бона и Пајак, заедно со легендарниот Владо Јаневски, ја препеаа песната „Ова е само наше Скопје“, внесувајќи свеж и модерен звук во ова безвременско дело.
„Легендарната песна на Владо за Скопје, преработена од предводниците на новиот звук во Македонија - Генијално“, коментира еден од слушателите под видеото, кое веќе предизвикува големо внимание на социјалните мрежи..