Овде ми е мирот и знам дека еден ден ќе завршам тука, велеше Тоше за својот манастир „Свето Преображение“

Нашиот легендарен никогаш непреболен Тоше Проески со посебна жар зборуваше за неговиот манастир - манастирската црква во крушевското село Селце, која го носи името „Свето Преображение Господово“. 

Денеска се одбележува овој голем празник, а Македонците, иако Тоше не е повеќе меѓу нас, се сеќаваат на него, неговата вера и добрина, и љубовта кон овој свет храм. 

Сите граѓани на Крушево помагаа во градбата на манастирскиот комплекс, а голема улога во неговата обнова имаше трагично загинатиот, нашиот, Тоше Проески кој донираше многу средства за негово возобновување и не се срамеше да каже дека и тој помагаше во физичката работа при градбата.

- Овде ми е мирот, и после се знам дека еден ден ќе завршам тука, велеше Тоше.