Овчите сипаници во Македонија со зголемен интензитет

Годинава, сезоната на овчите сипаници (варичелата) трае малку подолго од нормалното, и е со доста зголемен интензитет во однос на претходните години.

Овчите сипаници или варичелата се предизвикани од вирусот на варичела (Varicella zoster virus VZV) кој припаѓа на фамилијата на Херпес вируси. Истиот е високо заразен, лесно се пренесува преку контакт, но и преку капков пат (преку воздух при кашлање или кивање). Вообичаено кај мали деца нема посериозни последици, освен досадното чешање, но може да има доста сериозни последици кај постари лица, лица со намален (или без) имунитет (HIV, канцер), кај трудници за плодот, и слично. 

Конкретен третман за лекување, како и за најголемиот дел од вирусни инфекции, непостои, а најдобра заштита е вакцинирањето и изолацијата на болните.