Овации за „Врба“ на Манчевски по синоќешната премиера во Македонска филхармонија

Синоќа, во Македонската филхармонија се случи премиерата на филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски. На црвениот килим продефилираа многу препознатливи ликови од политичката и јавна сцена.

 По завршувањето на проекцијата, филмската екипа се поклони пред публиката, која на нозе со овации и голем аплауз ги поздрави. По проекцијата, на коктелот присутните имаа шанса и лично да им честитаат на брилијатните уметници, кои го создадоа овој маестрален филм, како што веќе светската критика го оцени, по премиерата на Римскиот филмски фестивал.

Од синоќа филмот е на редовен репертоар во скопските кина, а филмот се прикажува и во Битола, Штип, Охрид, Кичево, Струга.